Вести Македонија

Шара се избори за статус Национален Парк но не и со цврстиот отпад кој го има речиси насекаде

И по прогласувањето за Национален парк проблемот со сметот на Шара продолжува. Иако Јавната установа која управува со паркот, започна иницијатива за чистење на планината, сепак, голема загриженост предизвикува цврстиот отпад кој го има на неколку локации, како и населените места каде не се собира сметот, вели директорот Ибрахим Дехари.

Низ цела Шара не само што има фрлен отпад, туку поголемиот проблем е во самите населени места кај што не се собира отпад. Отворивме дискусии со општините така што од нив бараме да се спроведе редовно собирање отпад од селата каде не се собира. Мене ми е срам да одам кај тие граѓани таму и да им речам не фрлајте отад оти нема кај да го однесат, вели Ибрахим Дехари, директор на ЈУ Национален парк Шар Планина.

И излетничките места се полни со отпад, алармираат планинарските клубови кои учествуваат во акциите за чистење.

Места кои што се пристапни со теренски возила, доаѓаат луѓе и свеста на тие луѓе е до тоа ниво што оставаат тука. Националниот парк Шар Планина изминативе месец дена организира секој викенд настани. Планарските друштва од Тетово и од Гостивар се вклучени во овие настани. Ние видовме и гледаме цело време дека по патеките, ние собравме дел од отпадот, но тоа е многу малку, за разлика од она што го имаме во населните места и во излетничките места, истакна Јован Божиновски, претседател на Планинарски клуб Љуботен.  

Од Установата велат дека ќе бидат упорни во разговорите со општините за решавање на проблемот, од каде добиле одговор дека ќе ги внесат планинските села во системот за собирање, додека до посетителите  апелираат својот отпад да го понесат со себе.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала локална облачност – Временска прогноза за 29.4.2024

Дејан Дејан

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе