Вести Македонија Топ вести

Ковачевски: Без уставните измени, Македонија ќе добие изолација наместо интеграција

Проширувањето на Европската унија беше тема на Самитот на Европската политичка заедница. Премиерот Димитар Ковачевски, уверува дека подготвеноста на Унијата за прием на нови членки никогаш не била поголема.

Без уставните измени кои се услов за македонските евроинтеграции, вели Ковачевски, Македонија ќе добие изолација наместо интеграција. За средбата со опозицискиот лидер Христија Мицкоски вели ќе зборува откако ќе се случи, но ја отфрли можноста за предвремени избори, доколку уставните измени не поминат во Собрание.

Инаку, главна тема на Самитот беше војната во Украина.

Симболично, Самитот се одржа во замокот Мими, во Молдавија, на 20-тина километри од границата со Украина. Тоа за европските лидери е уште една силна потврда дека Европа останува обединета во поддршката за Украина и ќе работи на решенија да се врати мирот на континентот.

Ова е втор самит на Европската политичка заедница. Идеја на францускиот претседател Емануел Макрон што тој ја изнесе лани. Намерата е да функционира како неформален форум за разговори и соработка  со европските партнери за теми од заеднички интерес. Следниот самит е закажан за октомври во Шпанија.

Од Молдавија за Телма, Марија Дивитарова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе