Вести Свет

Креаторот на ChatGPT подржува формирање агенција која ќе ги регулираа компаниите кои развиваат вештачка интелегенција

Директорот на компанијата за вештачка интелегенција, која го прозиведе Чат ЏиПиТи, пред американскито Конгрес изрази подготвеност да соработува со владата и предложи формирање американска, или пак глобална агенција која ќе ги регулира најмоќните системи на вештачка интелегенција. Додека оваа технологија се развива, јасно ни е дека луѓето се вознемируваат од тоа како таа ќе влијае врз нашите животи, изјави извршниот директор на ОпенЕај Сем Алтман за време на сослушувањето во американскиот Сенат.

Мојот најголем страв е дека ќе предизвикаме, ние од ова поле, самата технологија, од индустријата ќе предизвикаме значителна штета на светот. Мислам дека тоа може да се случи на повеќе различни начини. Токму затоа ја основавме компанијата. Тоа е голем дел од тоа зошто сум овде денеска и зошто бев отворен и порано, и зошто можеме да поминеме некое време со вас. Мислам дека ако оваа технологија тргне во погрешна насока, а може да биде многу лошо и ние сакаме да го кренеме гласот за тоа. Сакаме да соработуваме со владата за да го спречиме тоа. Но, се обидуваме да бидеме многу јасни за тоа кои се лошите страни, и колкава е работата што треба да ја завршиме за да ги ублалажиме, рече алтман пред сенаторите.

Алтман рече дека неговата компанија не заработува од ЧатЏиПиТи, туку единствената цел поради која го развил системот е заштита на човештвото од помалку скрупулозни компании од неговата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе