Вести Македонија

Само петтина од македонските жени користат контрацепција

Само 14% од жените користат модерни методи на контрацепција, а од нив само 1,1% користат орална контрацепција. Додека пак од девојките кои не се во брачна заедница 21% користат некој вид на модерна контрацепција. Во споредба со 2005 година овие бројки полека одат во пораст, но се уште е многу ниска свеста кај сите велат од Хера.

-Уште повеќе разочарува и фактот дека повеќе 35% од младите се уште се потпираат на прекинување на сексуалниот однос како традиционална метода за спречување на бременоста, која носи и поголем ризик од непланирана бременост, вели Драгана Каровска Чемерска, програмска раководителка на Хера.

Причината за нискиот процент на користење модерната контрацепција е нивната висока цена и недоволната едукација кај сите, а особено младите.

-Со ревидирање на позитивната листа, односно со изготвување на предлог листа на лекови кои паѓаат на товар на фондот сметам дека ќе има промени и во делот на контрацептивната терапија каде што ќе бидат ставени и некои препарати и ќе бидат подостапни за младите. Тие ќе имаат можност да добијат поевтин лек на рецепт, вели Весна Ставрова, претседателка на Фармацевтската комора на Македонија.

-Ние имаме генерација на млади кои се срамат и плашат да прашаат нешто за сексуалното здравје за да не бидат етикирани. Немаме сензибилизиран  кадар, а штом стручниот кадар не ни е извор на добрина како да очекуваме од обичниот човек да се однесува со емпатија, вели Марија Ѓорѓиевска, Членка на младинска група за застапување на сексуано и репродуктивно здравје.

Надлежните велат дека последиците од не користење на контрацептивни средства се многу големи што дури го менуваат и текот на нивниот живот и апелираат до сите да ги користат.

Тамара Марковска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала локална облачност – Временска прогноза за 29.4.2024

Дејан Дејан

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе