Вести Свет

Ердоган во очите на Западот е авторитарен лидер, но во исто време и посакуван партнер

Ердоган до сега се покажува како исклучително вешт политичар кој што од еден непосакуван, или автократ, како што го нарекуваат, деспот, или султан, дојде до позиција да биде претпочитаното зло, оценуваат експертите во вечерашната Топ Тема на Телма, посветена на изборите во Турција и неочекуваниот подем на опозицијата.

Ердоган многу добро знае кога и како да избалансира, особено ако земете дека во последните неколку години покрај заострувањето на односите со арапскиот свет, на кој што сакаше да са додвори откако се оддалечи од Европа, посебно заради односите со Муслиманското братство, нарушените односи со Египет, нарушените односи со Саудиска Арабија, доближувањето до Иран, сето тоа набрзо успеа да го смени. Со самото тоа може да се каже дека целата оваа кампања ја води на плеќи сам, затоа што го има централизирано работите и ова пали кај насление кое што има колективистичка култура, бидејќи тие сакаат силни фигури, особено во време на криза, вели професорот Методи Хаџи-Јанев.

Запрашан дали наративот дека овие избори претставуваат избор помеѓу исламизмот или секуларните корени на турската република од 1923, Хаџи-Јанев не ја исклучува можноста тој да имал влијние на овие избори, иако не пресудно.

Има еден податок кој што е фрапантен а кој што помина така заради целиот тој занос на либерализам, Турција е потписник и на Декларацијата за човекови права која што има малку голема спротивност со Декларацијата за човекови права од ООН, каде што се вели дека религијата е слободна се до оној момент додека не го загрози шарија правото. Но, во исто време Турција е потписник и на европската конвенција за човекови права која што има дијаметрално спротивна рамка од сето тоа и во 2012 долгогодишнио советник на Ердоган на еден собир изјави дека генерално западот не може да ја разбере улогата на религијата во Турција, рече Хаџи-јанев.

Поранешниот претседател на Сојузот на турски невладени организации во Македонија, Емин Хусрев посочи дека последните неколку циклуси опозицијата се доближила малку, иако разликата сѐ уште е голема.

Освен работата што ја направи Ердоган, особено последниот месец новите проекти беа многу важни за овој резултат што го доби, од гасот што го поврзаа, нафатата што ја пронајдоа, новиот турски автомобил што ќе се произведува и поддршката во овие три недели се зголеми. Свесни беа и тие самите дека тешко ќе биде да ја добијат таа поддршка што ја имаа 2018 и 2019 кога ги изгбија Истанбул и Анкара, и после катастрофата со земјотресот. Сепак народот и резултатите од тој регион покажуваат дека народот има повеќе доверба во Ердоган отколку во опозициските партии, рече Хусрев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе