Вести Свет

Ердоган влегува во вториот круг со голема предност пред Киличдароглу

Во вториот круг на изборите турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе има огромна предност пред неговиот против кандидат Кемал Киличдароглу, тврдат политичките аналитичари. Ердоган за само половина процент не успеа да победи уште во првиот круг на овие избори, но во вториот круг влегува со солидна предност од 5 проценти пред Киличдароглу.

Не само што тој е многу блиску до прагот од 50 проценти, туку и фактот што неговата коалиција го освои мнозинството во парламентот, му дава многу силен аргумент да победи во вториот круг. Значи, се чини дека за две недели од сега, ќе имаме уште од тоа што го имавме до сега во Турција, изјави политичкиот аналитичар Чан Селчуки.

Многу од предизборните проекции навестуваа дека пред опозицијата, предводена од широкиот фронт на Киличдароглу, се наоѓа најдобрата шанса по 20 години конечно да го исмнат Ердоган од власт. Но, самоувереноста по објавувањето на резултатите брзо се претвори во очај, поради што и самиот Киличдароглу мораше да реагира порачувајќи им на своите поддржувачи дека апсолутно ќе победат во вториот круг.

Овде сум, овде сум, и вие сте со мене. Се колнам во Господ дека че се борам до самиот крај. Јас. Сум. Тука, порача Киличдароглу.

Генералната ситуација во Турција ѝ даде надеж на опозицијата, која понуди алтернативни решенија за зауздување на неколкугодишната инфлација и ставање крај на системот на семоќниот претседател кој го воведе Ердоган по неуспешниот државен удар во 2016 година. Мислењата на Турците остануваат различни, во согласност со резултатите од изборите.

Ќе имаше проблем ако имаше втор круг, и ќе имаше проблем ако беше избран уште во првиот круг затоа што има многу проблеми во оваа држава. Не знам кој од проблемите ќе биде решен прв. Сѐ тоа ќе биде решено со време, изјави актерот Сердар Гокан.

Тоа што за опозицијата претставува уште еден удар е и фактот што Ердоган ја задржа високата поддршка во регионите погодени од катастрофалниот земјотрес а кои пред тоа беа сметани за бастиони на неговата Партија на правдата и развојот. Иако повеќе од 50.000 луѓе ги загубија животите во земјотресот и афтершоковите, а владата на Ердоган беше жестоко критикувана за бавниот одговор на катастрофата, само во еден од тие градови, во Газиантеп неговата поддршка на изборите падна на 59 проценти, сите останати беа над 60.

Целото внимание сега е свртено кон третиот кандидат, Синан Оган и 2,79 милиони гласови кои ги доби, и кој задоволно објави дека без него претседателската трка ќе завршела уште во првиот круг.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе