Вести Свет

Радев: На Бугарија и треба функционален парламент и политичка влада со јасни приоритети

На Бугарија и треба функционален парламент и политичка влада со јасни приоритети, долгорочни цели и посветеност и одговорност кон нивното остварување, порача претседателот Румен Радев на консултациите со претставниците на пратеничката група на „Има таков народ“.

Формирањето на политичка влада гарантира одржливост и долгорочна работа на парламентот, додаде шефот на државата.

Тој денеска одржа консултации со „Вазраждане“ („Преродба“), Движењето за права и слободи (ДПС) и „Бугарската социјалистичка партија за Бугарија“.

Радев ги праша претставниците на „Има таков народ“ каков е нивниот став во врска со соработката со ГЕРБ-СДС и „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“. Како „Има таков народ“ се вклопува во оваа конфигурација е важното прашање за напорите за составување влада, додаде Радев.

Претседателот повторно посочи дека има итни задачи пред парламентот кои директно влијаат на иднината на државата.

Ова е усвојување на барем неколку приоритетни закони кои ќе ни го отворат патот кон Шенген, до полноправна европска интеграција и задолжително донесување буџет кој ќе гарантира финансиска одржливост на државата, објасни Радев.

Консултацијата на претседателот Радев со „Има таков народ“ е последна. Шефот на државата, според Уставот, мора да го предаде првиот мандат за составување влада на најголемата пратеничка група во парламентот – ГЕРБ-СДС. Уставот на земјата не предвидува краен рок во кој претседателот треба да го даде првиот мандат.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Блинкен се сретна со роднините заложници кои протестираат пред неговиот хотел во Тел Авив

Дејан Дејан

(ФОТО) Голем број човечки жртви во поплавите во Источна Африка

Дејан Дејан

Празнување на меѓународниот ден на трудот Први мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе