Вести Македонија Топ вести

Дванаесеткатница над главната гасоводна мрежа – Муцунски тврди дека ДУП-от е „цртан за да се вклопи во околината“

Ф- 400, или најголемата градска цевка низ која се пренесува гас. Изградена пред повеќе од 20 години ги поврзува индустриските капацитети во старата Железарница па се до гигантот УСЈЕ.

Вкопана е на безбедно растојание на источната страна на булеварот „Србија“. Од националните енергетски ресурси се зачудени како планерите на деталниот урбанистички план вцртале четири 10-катници токму над најголемата гасоводна мрежа.

Оттаму брифираат дека подземната инсталција постои во генералниот урбанистички план, а нејзиното дислоцирање е инвестиција од стотици илјади евра на трошок на инвеститорот доколку поднесе барање и ги уплати средствата.

Прописите наложуваат темелот на зградата да биде оддалечен најмалку 3 метри од цевката.

Но, и оваа состојба не била пречка општина Аеродром да изработи детален урбанистички план за Лисиче и да предвиди изграда на станбени објекти, на кој граѓаните вложија стотци забелешки, а инвеститори веќе вложуваат купувајќи градежно земјиште.

Градоначалникот Муцунски вели дека не се меша во постапката, но се надева дека планот е во согласнсот со скопскиот ГУП.

Инвеститори веќе пикираат градежни парцели кои во целост се приватно земјиште.

Првичната цел со дупот за Лисиче е да никнат 9 станбени згради и до 12 ката. Што ќе остане, а што ќе отпадне од предвиденото, последниот збор ќе го имаат советниците пред кои ќе биде изнесен на гласање идниот ДУП.

Додека опозицијата во општината критикува дека постојат елементи на корупција и прст вперува во сегашната локална власт, Муцунски ги препраќа до истражните органи и антикорупциска.

Стои на тврдењето дека планот е заснован во 2019-та година кога на власт е сега опозициската СДСМ во општината. Од граѓанската иницијатива „Да го заштитиме Лисиче“ не сакаат згради во делот од Скопје во кои се одлучиле да домуваат во куќи.

Муцунски, смета дека планерите се воделе по веќе посточеките ДУО-ови во непосредна близина кои изобилуваат со вцртани маркички за станбени блокови.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе