Вести Македонија

Уште не стасало целoто производство за берба – цените на зелката во сериозен пад

Пролетната зелка и годинава не минува славно на откупните пунктови.

Уште не стасало целoто производство за берба, цените веќе се во сериозен пад. Од стартна цена 60 денари за килограм, во моментов откупната цена се движи меѓу 20 и 25 денари за килограм зелка.

Освен лошите приноси, земјоделците ќе се соочат и со други проблеми.

Велков вели дека промените во температурите ќе донесат и болести на растенијата.

Климатските промени изминатите години ги мачат земјоделците.

Големите температурни разлики во текот на денот и ноќта ги принудуваат да ги загреваат пластениците што дополнително ги зголемува производствените трошоци.

Проблемот е особено изразен последниве години по пандемијата кога почнаа драстично да се зголемуваат и цените на енергенсите и репроматеријалите.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачки пред велешани: Реконструкција на пругата кон Кочани, електрификација на железничката линија за Битола

Дејан Дејан

Му платила за дрва, дрва не добила – кумановка измамена за 6.000 денари

Дејан Дејан

Израел планира копнена офанзива во Рафа – предупредување на палестинскиот претседател Абас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе