win-win Вести Емисии Македонија

Вин Вин – Се спроведуваат ли препораките на УНЕСКО за Охридскиот регион?

Еден проблем со кој се соочуваме во комисијата кога разгледуваме урбанистички планови со законската регулатива е дека таму има многу нелогичности кои ни ги врзуваат рацете, изјави во вечерашниот Вин Вин, Зоран Павлов, Претседател на комисијата за управување со културното наследство на Охридскиот регион.

Во однос на препораките на УНЕСКО тој оцени дека се оди напред, но со бавно темпо.

„Одиме полека, има отпори. Има обиди тоа да се спречи. Дали се тоа приватни инвеститори, дали се тоа од локални моќници, меѓутоа сметам дека има надеж да тргнеме напред. Далеку сме од тоа дека сме ја постигнале целта.“- изјави Павлов.

Искра Стојковска од невладината организација, Фронт 21/42, оцени дека ќе беше многу добро да се правеле навистина бавни чекори, дури и да сме стагнирале.

„Начинот на кој ние ги гледаме работите е дека продолжува деструкцијата. Навистина би сакала да имам некаква надеж, но извештајот ако се погледне, во него не се зборува за напредок, туку дека никако да се напушти патот на лага и манипулација. Извештајот изобилува со некакви документи, закони, стратегии, кои државата во овие две години ги изготвила или се во процес на усвојување. Тоа супер звучи но само кога ќе се набројат. Кога ќе ги разгледате, секој од тие документи, ќе видите дека ситуацијата е далеку пострашна“ – изјави Стојковска.

Донка Барџиева-Трајковска од Центарот за културно наследство оцени дека состојбата на теренот демантира дека нешто се менува во Охридскиот регион.

„Се уште не сме стигнале во ситуација да знаеме со што располагаме во Охрид како автентична вредност и колку од тоа наследство кое во 79-та година е прогласено како универзална вредност, колку од тоа го има на теренот. Институциите до сега можеле барем таа работа да ја завршат. Значи колку од културното наследство, по број и локација, се сочувани како оригинали, односно реставрирани во автентичната состојба“ – изјави Барџиева-Трајковска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија одбележува 23 години од масакрот кај Вејце, еден од најкрвавите и најбрутални во поновата историја на земјата

Дејан Дејан

Во послаба позиција од било кој негов претходник – Бајден со историски најнизок рејтинг според анкета на Галуп

Дејан Дејан

Основците и средношколците од утре до 6 мај на пролетен распуст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе