Вести Македонија

(Видео) Зафиров во Топ Тема: Академијата за судии и јавни обинители е промашена работа

Во новиот закон за адвокатура нема ништо политичко, мислам дека е повеќе техничко прашањето што е заглавен во Собранието. Нема ни забелешки ни амандмани, вече во вечерашната Топ Тема Љубомир Михајловски, претседател на Адвокатската комора.

Што се однесува до Адвокатската комора тој беше дециден дека комората постапува најсовесно по сите претставки кои ги добива од граѓани за несовесно работење или пропусти на адвокати но, дека голем дел од тие претставки се неосновани, бидејќи најчесто се поднесени од неука странка, граѓани кои не го разбираат законот. Мал е бројот на тие што се жалат дека адвокатот не постапил. Во граѓанка постапка една страна мора да изгуби и таа е секогаш незадоволна, рече Михајловски.

Адвокатот Валентин Зафиров рече дека при грешка и на адвокатите им следува одземање на лиценца. „Од нас бара одговорност Адвокатската комора, а тоа мора да го бараме и од новорпимените кои сакаат да се зачленат во комората“, вели тој.

Што се однесува пак до барањњето можност преку скратена постака и адвокатите да станат судии, тој рече: „Академијата за судии и јавни обинители е промашена работа и на добрите од адвокатурата треба да им се отвори врата за работи правосудна функција“.

Со спротивен став адвокатот Дељо Кадиев кој вели дека Академијата не е промашена работа, туку е европски проектот, токму тоа и го спроведува- избор на судии.

„Поборник сум на идејата адвокатите, па дури и стручните соработници во судовите, многумина имаат добро искуство и во судовите и во јавните обвинителства нив треба да им се овозможи по некоја скратена патека да ја издат таа академијата и во една скратена потапка да се здобијат со можноста да вршат една судска функција“, рече Кадиев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе