Вести Македонија Топ вести

Штрајк на администрацијата во МАНУ

Со транспаренти „Највисока институција – најниски плати“ вработените во Секретаријатот и во стручните единици на МАНУ ги пречекаа новинарските екипи и академиците во пресрет на Годишното собрание на највисоката научна институција во земјава. Ни беше ветено дека го разбираат нашиот проблем, вели Вујовиќ и доколку е така мора да реагираат до надлежните институции и измени во Законот за МАНУ во делот за плати.

До сега имавме посета на дел од академиците, не од раководството целосно. Имаше дел и од академиците кои го сочинуваат раководството. Беа ветени чекори за понеделник, за вторник дека ќе се свика итна седница на претседателство, тело кое нам треба да ни го реши проблемот, меѓутоа не се случи такво нешто, вели Вујовиќ.

За акадмик Коцарев, кој ги одбегна камерите за да даде изјава за актуелните случувања со штрајкот во МАНУ, во своето обраќање рече дека  власта со сите сили настојува да ја задуши, маргинализира и оневозможи работата на МАНУ. За штрајкот на вработените ја посочи неодговорноста на Министерството за финансии.

-На уредно и на навремено поднесените барања за користење на средства обезбедени од други извори, најчесто од меѓународни проекти, Министерството за финансии или не ги одобрува тие барања или барањата неоправдано чекаат во некоја фиока. Така што се попречува нормалното функционирање на Академијата. Затоа бев принуден на 28 декември  2022 година да пратам писмо до Министерството за финансии во кое стои „Академијата бара одговорност од Министерството за незаконско, непроцедурално, неодговорно, некооперативно, непрофесионално  и веројатно, тенденциозно постапување, поради што ќе биде принудена да бара исполнување на ова право на вработените по судски пат, вели претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев.

-Најлесно е да се каже за тоа е крива Владата за тоа се криви политичарите. Сум рекол меѓу политичарите има многу луѓе кои направиле грешки , дали од лични причини, дали за богатење или за нешто друго, тоа е друго прашање, рече академик Дончо Димовски.  

Според членовите на синдикалната организација во изминативе години поголем број заминале во пензија, некои ја напуштаат работата поради ниските плати, згора на се не се пријавуваат ниту нови луѓе на конкурсите. Зголемен е и обемот на работа, додека нивната плата не е воопшто зголемена во изминативе 15 години.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе