Вести Македонија Топ вести

Д-р Серафимовски: Ветувањето за зголемување на платата од 10% годишно ги одлучи изборите

И покрај тоа што денеска Фондот почна да ја исплаќа јануарската плата, утре синдикатот од Клинички Центар ќе има Извршен одбор каде ќе се одлучи за понатамошните чекори.

  • Ова датира од пред три години и доцнењето на оваа плата ја прели чашата, вели Д-р Предраг Серафимовски, од Синдикатот на Клинички Центар и додава дека дополнително се чувствуваат изиграно затоа што не се остварило ветувањето од 10% годишно зголемување на нето плата на здравствените работници. Тоа ветување ги одлучи изборите. 25.000 доктори знаете какво влијание имаат врз народот. Со тоа ветување во изминативе три години, требаше да ни се зголемат платите 30%, а ние зедовме едвај 5%.  Тоа го ветија во моменти на здравствена криза, ковид пандемијата. Зголемувањето на минималната плата предизвика уште поголем раздор меѓу здравстевните работници, затоа што не се плаќа според степен на образование, со што хигиеничарот „ја скока“ со плата медицинската сестра, вели доктор Серафимовски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две деца загинаа при израелски воздушен напад врз куќа во Рафа

Дејан Дејан

ЈО спроведе истрага против лице осомничено за трговија со дрога

Дејан Дејан

МВР подготвено за преземање на Палевски од Турција, нема информација кога ќе се реализира екстрадицијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе