Вести Македонија Топ вести

Трендафиловски: Црвен картон од работниците за Врховен поради одлуката да ни го одземе Работничкиот дом

Пред зградата на Работничкиот дом, каде е сместено седиштето на ССМ во Скопје денеска почна протестот на Сојузот на синдикати организиран по повод Меѓународниот ден на трудот.

Првомајскиот синдикален протест треба да заврши пред Влада каде синдикатите ќе ги испорачаат барањата до идниот владин состав, пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100 дена од новата влада, исплата на трошоците за храна во висина од 20 проценти од просечната плата и исплата на трошоците за превоз.

Во своето обраќање пред присутните претседателот на ССМ Слободан Трендафилов порача дека работниците даваат црвен картон на Врховниот судот за неговата одлука да им биде одземен Работничкиот дом, појаснувајќи дека со тоа се направени обиди за притисок врз синдикатите.

-Денеска ние работниците се собравме пред Работничкиот дом, домот кој сакаат да го конфискуваат од нас за да го уништат синдикалното движење. Работничкиот дом пред кој повеќе од 70 години ги започнувавме сите протести, сите штрајкови и денеска го започнуваме големиот работнички протест. Ние работниците дадовме црвен картон на судот заради тоа што направи обид да изврши притисок врз синдикатите да ги уништи, дозволи функционерска чизма на вратот на работниците за да молчат, да бидат понизни, тоа што го направија денеска го гледаме на дело. Ние синдикатите, ние работниците, ние граѓаните, пензионерите сме сите тука денеска за да покажеме дека колку повеќе не напаќаат посилни не прават и колку повеќе пробуваат да ги уништат синдикатите ние се повеќе сме силни, порача Трендафиловски.

На денешниот протест нема да се приклучат 11 граѓански синдикати, меѓу нив СОНК, УПОЗ, Синдикатот за транспорт и врски и Синдикатот на станбено – деловни, комунални и водостопански организации. Од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија рекоа дека ваквата нивна одлука е затоа што во моментов има техничка влада.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хаос во Нова Каледонија: Макрон бара воведување на вондредна ситуација

Дејан Дејан

Нетанјаху за предупредувањето од Бајден: Израел не е вазална држава, во Рафа ќе се случи тоа што е неопходно

Дејан Дејан

(ВИДЕО)Љупчо Палевски Палчо стапна на македонско тло

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе