Вести Македонија Топ вести

Штрајк во Македонската академија на науките и уметностите за повисоки плати

Вработените во Секретаријатот и стручните единици на МАНУ,  од денеска стапија во штрајк со  барање до Претседателството на МАНУ за зголемување на платите.

  • Стапувањето во штрајк, како основна и легитимна алатка за остварување на нашите работнички права, меѓу другото, произлезе и од незаинтересираноста на Претседателството на МАНУ, како работоводен орган, да изнајде решение за нашата неповолна и недостоинствена положба, велат од Синдикална организација на МАНУ.

Академиците немаат статус на вработени лица во МАНУ, туку тие добиваат академска награда, на месечно ниво, со која им се оддава општествено признание за нивната дејност во областа на науката и уметноста.

  • Платите на стручно-административните и техничките работници во МАНУ, кои изнесуваат, во просек, малку повеќе над минималната плата во државата, воопшто не се зголемени во последните 15 години и тие останаа несразмерно ниски, а со тоа драстично се наруши и повеќедеценискиот установен сооднос меѓу платите на вработените во МАНУ и висината на академската награда и платите на научните соработници. Овој проблем стана особено неиздржлив во последните две години кога, поради економската криза и инфлацијата, вредноста на нашите и онака ниски плати стана уште повеќе девалвирана, велат од Синдикална организација на МАНУ.

Оттаму потсетуваат дека во повеќе наврати, се обидувале да изнајдат решение за зголемување на платите, но досега не наишле на разбирање кај Претседателството на МАНУ. Според синдикатот за жал, Претседателството на МАНУ, а исто така и другите академици, не покажале нималку загриженост за состојбата во која се наоѓаат работените во Секретаријатот и стручните единици на МАНУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Силјановска: По политичкиот земјотрес на 24 април, очекувам политички вулкан на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе