Вести Македонија

Уставен суд одби четири иницијативи за оценување на уставноста и законитоста

Уставниот суд денеска на седница дискутираше за пет иницијативи за оценување уставност и законитост од кои за четири одлучи да не поведе постапка, а за една предметот да биде ставен на некоја од наредните седници.

Како што информираат од Уставен суд, денеска одлучиле да не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 24 став 3 во делот: „со истиот статус на работен однос“ од Законот за јавното обвинителство („Службен весник на Република Северна Македо­нија“ бр.42/2020) каде подносители на инцијативата се Џамбазоски Панта од Скопје и Кичевски Давид од Крушево, застапувани од адвокат Дељо Кадиев од Скопје.

Се отфрла и иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.142/2016) чиј подносител на иницијативата е Светски македонски конгрес, како и иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 44 став 2 од Законот за социјалната заштита („Службен весник на Република Северна Македонија број 104/2019, 146/2019, 275/2019, 302/2020, 311/2020 и 163/2021) на која  подносител е Благоја Новески од Скопје.

Уставниот суд одлучи и да не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 271 став 1, член 272, член 275 и член 276 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи, склучен помеѓу Министерството за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат (“Службен весник на Република Северна Македонија” број 149/2021) на која подносител на иницијативaта е Синдикат на полицијата во Македонија од Велес.

Додека, по излагањето на судијата-известител и по расправата што се водеше по предметот,  судијата-известител го повлекол рефератот по предметот поради утврдување на дополнителни информации и предметот ќе биде ставен на некоја од наредните седници. Подносител на оваа иницијатива е Друштво за производство и земјоделие ДУБРОВО ДООЕЛ с. Дуброво, Неготино, претставувано од управителот Љатив Бејаз од Велес, – застапенo преку полномошник адвокат Јованче Цилаков од Велес.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе