Вести Македонија

Хакерски напад врз Фондот за здравство, не се исплаќаат боледувања и не се отвараат породилни

Веќе трет ден системот на Фондот за здравствено осигурување не функционира поради хакерски напад на кој работат информатичките служби во Фондот.

Од ФЗОРСМ дури денеска попладне со соопштение известија дека се хакирани и не се исплаќаат боледувања, како и тоа дека не може да се отворат нови боледувања и породилни отсуства.

-Во моментот ФЗОРСМ се справува со сајбер напад кој ја предизвикува нефункционалноста на дел од ИТ системите. Експертски тим работи 24/7 на справување со предизвиците и нивно отстранување во најбрз можен рок. Приоритет се дава на најбрзо можно враќање во функција на системот за исплата на боледувањата, породилното и рефундациите, а ФЗОРСМ веќе има издадени упатства кон Подрачните служби за решенија со кои граѓаните тековно ќе ги остваруваат своите права, соопштија од Фондот.

Фондот има лични и медицински податоци за стотици илјади граѓани, а нема информации дали тие податоци се заштитени. Не е објавени ниту за каков сајбер напад станува збор.

Министерот за здравство Беким Сали денеска на новинарско прашање за проблемот кратко кажа дека не е информиран. Од Фондот пак тврдат дека лекувањето и лекарските прегледи може да се одвиваат непречено и покрај проблемите.

-Пациентите ќе можат и понатаму непречено да се лекуваат на сите клиники како и преку матичните лекари кои можат да вршат прегледи, да издаваат упати и рецепти кои се подигнуваат во аптеките без застој, соопшти ФЗОРСМ од каде најавија нови информации веднаш штом ќе се утврдат.

Бројки, ветувања, пробиени рокови – почина Благојче Илиевски додека болните од цистична фиброза сѐ уште молат за лек

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачки пред велешани: Реконструкција на пругата кон Кочани, електрификација на железничката линија за Битола

Дејан Дејан

Му платила за дрва, дрва не добила – кумановка измамена за 6.000 денари

Дејан Дејан

Израел планира копнена офанзива во Рафа – предупредување на палестинскиот претседател Абас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе