Вести Македонија

Протест во Автокоманда за новите правила на парното

Нови промени во начинот на греење во Општина Гази Баба. Граѓаните на Автокоманда наместо досегашното 24-часовно парно греење, сега ќе имаат греење од 6 до 22 часот, како што е и целиот град и внатрешната температура ќе биде меѓу 20 и 21 степен, како што е пропишано во мрежните правила одобрени од Регулаторната комисија. Оваа одлука ги изреволтира граѓаните кои масовно излегоа на протест во Автокоманда за да го искажат својот револт.

„Испраќам порака до Владата, ние жителите на Автокоманда не се откажуваме. Вашата одлука не ја прифаќаме“, вели Слободан Павлов, претседател на урбана заедница Автокоманда.

Граѓаните велат ќе продолжат со протестите, сè додека овој проблем не се реши. Од АД ЕСМ известуваат дека со ова ќе има исти услови за сите потрошувачи, а сметките ќе бидат помали од претходно.

„По воведената промена, сметките во Автокоманда нема да се покачуваат како што се појавија шпекулации, а сметките на училиштата, градинките, деловни објекти и други институции ќе се намалат до 45%. Причината за воведените промени е тоа што ЕСМ Енергетика ќе ги стави надвор од употреба старите парни котли кои немаат техничка можност за дневно гасење и затоа греењето беше испорачувано 24 часа со енормна потрошувачка на гас“, порачуваат од ЕСМ Енергетика.

Од ЕСМ објаснуваат дека доколку се продолжеше по стариот начин на 24 часа греење тогаш или сите граѓани преку буџетот ќе плаќаа повисоки сметки за одреден број потрошувачи да добиваат 24 часа греење или сметките на сите потрошувачи ќе беа значително повисоки.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија одбележува 23 години од масакрот кај Вејце, еден од најкрвавите и најбрутални во поновата историја на земјата

Дејан Дејан

Во послаба позиција од било кој негов претходник – Бајден со историски најнизок рејтинг според анкета на Галуп

Дејан Дејан

Основците и средношколците од утре до 6 мај на пролетен распуст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе