Вести Македонија

Однесувањето на министерот Бектеши е притисок врз новинарите да не поставуваат прашања битни за јавноста

Македонската медиумска асоцијација на националните терестријални телевизии (MMA), силно и енергично реагира на повторните политички етикетирања на две наши членки, овојпат на Канал 5 и Телма.
„Новинарите од телевизиските куќи ТВ Канал 5 и ТВ Телма денеска на прес-конференција во Владата беа навредувани и омаловажувани од министерот Крешник Бектеши, кој не одговарајќи на поставени новинарски прашања на двата медиума, обвини за наводни договорени прашања, што е апсолутно неточно, и при тоа спротивно на сите меѓународни новинарски кодекси ги обвини нашите членки дека новинарите не се таму за да прашуваат и коментираат, што сметаме дека е елементарна цензура од позиција на моќ“, се вели во реакцијата на ММА.
Дополнително, ММА смета дека ваквото однесување на Министерот Крешник Бектеши е притисок, новинарите да не поставуваат прашања битни за јавноста, но и навреда и клевета кон споменатите
медиуми и обид да се манипулира со јавноста.
„Укажуваме дека на медиумите треба да им се овозможи независно работење без закани и влијание и да се обезбеди слободата на говор и изразување. Потсетуваме дека Согласно Законот за граѓанска одговорност навреда и клевета е многу јасен и прецизен и дека ги опфаќа сите физички лица , вклучително и оние кои се во извршната власт, како во случајот Министерот Бектеши“, порачуваат од ММА.
Македонската медиумска асоцијација очекува извинување од гореспоменатиот министер или ќе го преиспита своето однесување визави функционирањето на ова Министерство се додека е тој прв човек на истото.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала локална облачност – Временска прогноза за 29.4.2024

Дејан Дејан

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе