Вести Македонија

ААВМУ со осуда за однесувањето на Крешник Бектеши

Во врска со недоличниот однос на министерот за економија Крешник Бектеши, кон новинар на ТВ Телма, за време на денешната прес конференција, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги уште еднаш потенцира дека упатувањето навреди и омаловажувања кон новинари се апсолутно недозволиви.

Медиумите се еден од клучните столбови на демократијата и имаат важна улога во креирањето на критичкото мислење за прашања кои се од посебен јавен интерес.

Исклучително е важно да им се овозможи на новинарите непречено да ги извршуваат своите професионални задачи за навремено и точно информирање на јавноста. Наместо омаловажувања и навреди треба да се покаже почит кон новинарската професија и достоинството на медиумските работници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе