Вести Македонија

Пресудата за „Тврдина таргет“ и Мијалков напишана- претходно судскиот совет „откри“ дека била држена во „фиока“

Пресудата за Таргет- тврдина е напишана и испратена во Кривичниот суд кој наскоро ќе треба да закаже ново судење на предметот за масовното прислушувње. Но, зошто беше укината пресудата ќе може да прочита и јавноста затоа што одлуката ќе биде објавена на судскиот портал. Ова следува по начелниот став на Врховниот суд со кој и неправосилните одлуки за предмети од јавен интерес треба да бидат објавени.

Одлуката на апелација со која се укина првостепената пресудата за „Таргет Тврдина“ е напишана и ќе биде објавена потврдија за Телма од скопскиот апелациски суд.

Пресудата сега треба да се испрати во кривичниот суд за да ја достави до странките но и да закаже ново судење.  Двете дела против екс директорот на УБК Сашо Мијалков застаруваат во 2025.

Во наредните две години „Таргет тврдина“ треба да заврши не само во кривичен суд туку треба да има и правосилна пресуда во апелација. Ако се погледнат роковите на одлучување првиот пат на двата суда им биле потребни 5 години да дојде до пресуда во апелација.

Минатата недела судскиот совет заклучи Апелација неразумно долго, ги чувал предметите „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ во кои обвинет е ексшефот на УБК, Сашо Мијалков.

За Таргет беа потребни 9 месеци за да се донесе одлука а за „Трезор“ пресудата се пишувала 5 месеци. Уште повеќе односно речиси 9 месеци се пишувала пресудата за „Транспортер“. По секојдневниот интерес на јавноста за случајот со масовното нелегално прислушување, оваа пресуда е напишана за еден месец и десет дена.

Од апелација најавија дека ќе ја објават и одлуката со која го укинаа и предметот Трезор каде мегу обвинетите е Мијалков.  Јавноста ќе може и да го прочита образложението зошто судиите од апелација одлучиле дека пресудите за Таргет и за Трезор  треба да паднат. Кои суштествени повреди биле пресудни за укинувањето?

Ова следува по начелниот став на Врховниот суд кој ги задолжи пониските судови да ги објавуваат на судскиот портал и предметите кои не се правосилни но се од интерес на јавноста.

Апелација е на нов тест и за предметот „Титаник 2“ во кој делото на Мијалков му застарува во април годинава. Утре во Кривичниот суд во Скопје се закажани завршни зборови, по што ке биде изречена првостепената пресуда но потоа останува период од помалку од 3 месеци до застарување.

Елена Ивановска Мукоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала локална облачност – Временска прогноза за 29.4.2024

Дејан Дејан

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе