Вести Македонија

ФОТО: Поминаа 15 години од трагедијата кај Блаце, семејствата и претставници на Одбрана одадоа почит на 11-те загинати во хеликоптерот на АРМ

Со едноминутно молчење и полагање на свежо цвеќе, на спомен-обележјата кај Катлановско Блаце и пред Командата на воздухопловниот ВИНГ, денес се одбележаа петнаесет години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници од составот на воздухопловниот ВИНГ, враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА.

На спомен-обележјето во Катлановско Блаце, покрај членовите на семејствата на загинатите припадници, свежо цвеќе положија  делегација од Министерство за одбрана и Генералштабот на Армијата, составена од заменик министерот за обрана, Башким Хасани и директорот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Зоран Милески, од кабинетот на претседателот и врховен командант на Вооружените сили, од општината Петровец, Командата за операции, воздухопловниот ВИНГ и прва пешадиска бригада.

Во хеликоптерската несреќа, на денешен ден пред петнаесет години, враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА трагично ги изгубија животите потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ и Александар Тасковски, водниците Мики Ивановски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељаноски.

И покрај неколкуте истраги, предметот беше затворен со резолуција од страна на обвинителството со посочување дека пресудна била грешка на екипажот кој пак не бил обучен за инструментално летање, но му било посочено така да го изведе слетувањето на аерородмот Петровец на 12-ти јануари 2008-ма година.

Петнаесетгодишнината од хеликоптерската несреќа, беше одбележана од страна на припадниците на воздухопловниот ВИНГ и пред спомен-обележјето во касарната ,,Страшо Пинџур“ во Петровец.

Почит на загинатите им беше оддадена и во базата Бутмир во Сараево, во меморијалниот парк со комеморативна церемонија во чест на единаесетте загинати припадници од македонскиот контингент во мисијата АЛТЕА во БиХ.

Трагедијата кај Блаце е најголема единечна загуба во мир на вооружените сили и на АРМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот на САД забрани увоз на руски ураниум

Дејан Дејан

Трендафиловски: Црвен картон од работниците за Врховен порати одлуката да ни го одземе Работничкиот дом

Дејан Дејан

Променливо облачно, попладне на повеќе места нестабилно – Временска прогноза за 2.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе