Вести Македонија Топ вести

ГАМА тврди дека ги доставила до РКЕ подзаконските акти за регулирање на работењето на пазарот на природен гас

Во соопштението на ГАМА се вели дека дека процесот на запознавање со промените е започнат на поочетокот на годинава. Во септември информирале  за промените кои ќе произлезат од интерконективниот договор, а во октомври објавиле дека ќе отворат  јавна расправа во врска со предлог текстот на договорот.

Додаваат дека анексите кои не беа објавени (а за кои Макпетрол АД имал забелешка) се од доверлив карактер и се однесуваат на самата оперативна работа на операторите и детален опис на главната  мерна станица на Жидилово. Заради безбедност на главната гасна станица, тие не биле  објавени.

ГАМА тврди дека сите добиени дописи заедно со комплетниот материјал на договорот е испратен до Влада на увид. Владата носи одлука со која се задолжува ГА-МА АД да го потпише Договорот.

Интерконекцискиот договор е склучен на ден 31.10.2022, а  на 1.11.2022 сите трговци се известени дека се спремаат нови правно-регулаторни акти за примена на истиот од 01.01.2023. ГАМА известила дека ке има презентација кон крајот на ноември.

Според одговорот на ГАМА, сите подзаконски акти се веќе пратени во Регулаторна Комисија за енергетика, и очекуваат многу брзо да  бидат разгледани и усвоени.

ГАМА не дава конкретен одговор во соопштението кога ги донела подзаконските акти , но и кога точно ќе бидат усвоени. Неофицијално, според директорот на НЕР Бајрам Реџепи и директорот на ГАМА Александар Арсиќ , најверојатно во понеделник ќе бидат донесени подзаконските акти во согласност со РЕК.

За сега нема одговор  од РКЕ  дали ќе дадат согласност за подзаконскикте акти. Регулаторна вчера ги добила подзаконските акти, а  за утре закажа јавна расправа на која се поканети потрошувачите и трговците кои треба да се изјаснат за подзаконските акти.

Макпетрол од 1-ви јануари нема да купува и испорачува гас за своите потрошувачи

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

 МНТ со праизведба на  „ Хенгинг Араунд“, а Драмски театар со премиера на „ Хеда Габлер“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе