Вести Економија Македонија Најважни

Макпетрол од 1-ви јануари нема да купува и испорачува гас за своите потрошувачи

Се поизвесно е дека Македонија од први јануари ќе остане без гас. Единствениот трговец со гас во државата, Макпетрол соопшти дека по Нова година нема да увезува и да испорачува природен гас до своите потрошувачи. Ова важи и за ЕСМ чии резерви на гас за двете топлани Исток и Запад се до крајот на годинава,  а беа обезбедени  токму од Макпетрол.

Засегнати се и 45 инситуции и фирми  во кои влегуваат болници, училишта, аеродромот ТАВ , фабриките во зоните.

Како причина за ова од Макпетрол се наведуваат новите услови за работа кои се наметнуваат со како што велат прерано потпишаниот договор помеѓу „Гама“ и „Булгартранс гас“ од Бугарија. Со овој договор досегашните услови по кои Макпетрол  купуваше и испорачуваше гас до своите потрошувачи повеќе не важат.

Од причина што до овој момент не се донесени подзаконските акти согласно Законот за енергетика, кои ќе го регулираат работењето на пазарот на природен гас во согласност со договорот за интерконекција, „Макпетрол“ АД Скопје нема можност да отпочне со новите услови на работа предвидени со новиот Договор за интерконекција. Дополнителен проблем претставува и фактот што и по 5 (пет) години од донесувањето на Законот за енергетика сè уште нема сертифициран оператор на системот за пренос на природен гас, кој е должен да ги донесе потребните подзаконски акти.“, велат од компанијата.

Од Макпетрол побарале да им се овозможи да работат по старите правила и тоа до септември следната година, за да  се остави простор да може да се донесат сите сите подзаконски акти и  учесниците на пазарот со гас да може да се прилагодат на новиот начин на работа.

За ваквата состојба од компанијата ги информирале сите релеватни институции.

Макпетрол“ АД потенцираше дека потпишување на таков договор е избрзана одлука, на која задолжително треба да претходи донесување на сите подзаконски акти, како и подготовка на сите учесници на пазарот на природен гас за новите услови на работење, но истото не беше земено предвид“ – додаваат од компанијата.

Од ГАМА  кои присуствуваа на потпишувањето на договорот за интерконекторот со Бугарија,  соопштија дека за новонастанатата ситуација ќе се произнесат утре по завршувањето на состанкот во РКЕ.

Од НЕР пак кои исто така беа  дел од потпишувањето  на овој договор, одговор најавија  во текот на денот.

Во Бугарија на потпишувањето на договорот за проширување на капацитетот на интерконекторот,  присуствуваше и министерот за економија Бектеши.

Но, за сега  став од таму во однос на ова прашање нема.

Во меѓувреме АД ЕСМ распиша тендер за набавка на одредени количини на гас за периодот од јануари до април.

Со новонастанатата состојба се отвара прашањето дали овој тендер ќе биде успешен или ќе пропадне.

Од ЕСМ тврдат дека имало понудувачи но колку фирми се јавиле и кои се од компанијата не прецизираат.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмалку 18 загинати лица, затворен граничeн премин, прекинат протокот на хуманитарна помош – Израел влезе во Рафа

Дејан Дејан

Жозеф Борел со јасен став за офанзивата врз Рафа

Дејан Дејан

Денеска ќе се одржи инаугурацијата на рускиот претседател Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе