Вести Македонија

Сопругот загина, две малолетни деца и сопругата повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Крупиште

Наместо пат кој треба да го олесни патувањето, експресниот Штип-Кочани стана црна точка и за само неколку месеци однесе пет човечки животи. За жителите причина брзото возење и непочитување на сообраќајните знаци. Возачите збунети и исплашени со несигурност движат по оваа делница. По неколкуте потресни вести за страшни сообраќајни несреќи, утринава со нова трагична информација-доцна во ноќта во близина на клучката кај селото Крупиште животот го загуби и 39 годишен маж од Скопје кој излетал од патот.

„На 06.05.2024 во 02.45 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип -Кочани, во близина на с.Крупиште, патничко возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(34) од Скопје, излетало надвор од коловозот. По несреќата, возачот и сопатниците, И.М.(39) од Скопје и двајца малолетници биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што кај И.М. била констатирана смрт, додека кај возачот и малолетниците биле констатирани телесни повреди“, велат од МВР.

Мажот почина, а со повреди се здобиле неговата сопруга и двете деца кои се пренесени во штипската Клиничка болница, на оделот за хирургија. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип, а сообраќајот се одвива непречено.

Брзото возење е најчестата причина за сообраќајќи, велат од МВР и апелираат до возачите да возат внимателно за да спречат вакви несреќи.

Од почетокот на годинава, на експресниот пат Штип-Кочани се случија неколку сообраќајни несреќи во кои животите ги загубија вкупно пет лица. Пред само неколку недели во близина на ТИРЗ зоната во Штип се случи во тешка несреќа помеѓу две патнични возила во кој животот го загубија две лица, додека пак пред околу три месеци во близина на селото Чешиново епилогот беа две жртви и повредени лица.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе