Вести Македонија

Судско-медиумскиот совет со иницијтива до МП за промена на Законот за движење и управување со предметите

Членовите на Судско-медиумскиот совет на денешната седница одлучија до Министерството за правда да поднесат иницијатива за промена на Законот за движење и управување со предметите, со кој се бара да бидат објавени сите судски одлуки, а не само правосилните, какво што е моменталното законско решение.

Одлуката за ваква инцијатива Судско-медиумскиот совет ја донесе едногласно.

Иницијатвиа е за промена на членот 9 од законот, кој што пропишува дека судовите ги објавуваат само правосилните одлуки, во насока на тоа дека и неправосилните одлуки, како што тоа беше нормирано во стариот закон, ќе бидат објавени во анонимизирана верзија.

Судско-медиумскиот совет, исто така, го поздравува усвоениот начелен став на општата седница на Врховниот суд дека „достапноста до судските одлуки е особено значајно за судската, стручната, медиумската и граѓанската јавност“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе