Вести Македонија

Поднесен обвинителен акт против три лица во предметот „Империја“

По севкупно спроведена истражна постапка против 19 лица во предметот „Империја“, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против преостанатите три лица. Според Обвинителниот акт прво и второобвинетиот сториле кривични дела Злоупотреба на службена пложба и овластување и Перење пари и други приноси од казниво дело. Освен овие кривични дела на товар на првообвинетиот му се става и кривичното дело Измама за кое се товари и третообвинетиот.

Според опишаните дејствија во Обвинителниот акт прво и второобвинетиот и веќе едно осудено лице, во периодот од месец мај до месец август 2013 година како соизвршители ги искористиле своите овластувања како одговорни лица – членови на Одбор на директори на правно лице и претставници на акционерскиот капитал. Тие заедно по претходен договор, со умисла помогнати  од сведок – соработник на правдата и веќе осудено лице во предметот, прибавиле значителна имотна корист во износ од 4.000.000 евра за три правни лица, а на штета на оштетеното правно лице и 150 малцински акционери. Со намера да го прикријат изворот од казненото дело, прво и второобвинетиот паричните средства ги пренесувале на жиро сметки на други правни лица.

Во периодот од месец октомври 2013 година до месец јануари 2014 година двајца сведоци – соработници на правдата, заедно, како соизвршители со прво и третообвинетиот, со намера за себе и за друг да прибават значителна противправна имотна корист, довеле во заблуда едно физичко и едно правно лице. Со цел по пониска цена да ги земат акциите што во друго правно лице ги поседувале оштетената и оштетеното правно лице, лажно прикажувајќи факти ја довеле во заблуда оштетената да преземе дејствија со кои нанела значителна имотна штета од 283.591.535,00 денари на себе си и правното лице за сметка на акциите што ги поседувале и што биле продадени на физички и правни лица за износ од 433.592.465,00 денари.  Откако со извршување на кривичното дело Измама била прибавена корист за правно лице во кое еден од сведоците на правдата бил сопственик и управител, за да ги прикрие парите дека потекнуваат од кривично дело, по основ на позајмици ги пренел на три правни и едно физичко лице, а потоа уделот од правното лице што го поседувал го пренел на трите правни лица на кои им биле дадени позајмици, па откако имотната корист прибавена со кривичното дело им била исплатена како дивиденда од по 107.833.000,00 денари, правното лице било пренесено на  оф шор компанија од Белизе и ликвидирано.

Паричните средства прибавени од кривично дело и исплатени по основ на дивидендата на правното лице каде членовите на семејството на првообвинетиот биле сопственици,за да се прикрие дека потекнуваат од кривично дело по насоки на првообвинетиот 62.000.000,00 денари по основ на позајмица биле префрлени на неговата лична сметка, а останатите во износ од 45.833.000,00 денари правното лице ги пуштило во оптек за плаќање по разни основи.

Воедно, со одлука на судот, а по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во корист на државата е конфискуван имот во вредност од 10.676.653,00 евра, а со Обвинителниот акт е доставен и предлог во корист на државата од тројцата обвинети да се конфискува имот во вкупна вредност од 292.333.000,00 денари или 4.753.382 евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе