Вести Македонија

Хајрулахи единствен кандидат за скопски виш обвинител

По втор пат пред Советот на јавни обвинители – Мустафа Хајрулахи, единствениот кандидат за скопски Виш јавен обвинител во петок повторно ќе се соочи со колегите, кои пред околу седум месеци не ги штедеа критиките за неговото работење. Му најдоа низа забелешки, огромна бројка на заостанати предистраги и истраги, а нејасно е и зошто нема ниту една конфискација на нелегално стекнат имот.

Меѓу прашањата на обвинителите до Харулахи, и „Зошто мерките притвор во кумановското обвинителство се зголемени за 300 отсто во однос на 2020-та“? А, нема податоци ниту за бројот на преземените истраги во скопското.

И покрај ваквите забелешки, Хајлулахи сепак добил зелено светло од обвинителите да се кандидира за оваа позиција. Веб – медиумот СДК.МК повикувајќи се на изјави на обвинители, објави дека никој не се пријавува за оваа важна позиција, бидејќи Вишото скопско обвинителство е договорено и ветено на ДУИ.

Советот на ЈО за в петок закажа продолжение на седницата за избор на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе