Вести Македонија

Жителите во центарот на Штип против изградба на објект пред нивните влезови

Над стотина станари на познатата штипска зграда „Промаја“, но и од околните куќи  во центарот на градот веќе десет дена немаат мир. Багери и градежни машини го расчистуваат просторот, а според таблата на инвеститорот пред нивните влезови треба да се изградат гаражи во висина од три метри. Жителите на овој дел на градот, кои секојдневно трпат бучава од сообраќајниот хаос, и немаат ниту еден метар зелена површина, тврдат дека градежната парцела била тајно продадена, а дозволата е добиена уште пред пет години. Револтирани се што узурпирано е државно земјиште.

Во оваа зграда живеат околу сто семејства, кои стравуваат дека со ископот ќе им се поткопаат темелите.

Станарите се потпишале на петиција и од општината бараат да се стопира градбата. Од Општина Штип велат дека инспектор бил на терен за да утврди дали се узурпира државно земјиште. Чекаат сопственикот да плати и дел од пеналите бидејќи не го испочитувал договорот,  односно не го изградил објектот во рок од две години по добивањето на дозволата. Инвеститорот рок има од два месеца. Станарите од овој дел на центарот на Штип во недела излегуваат на протести.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицотакис: Ниту С-300, ниту Патроит за Украина, тие системи ни требаат на нас

Дејан Дејан

Нацрт-документот оди на ревизија – одложено гласањето за резолуцијата за Сребреница во ОН

Дејан Дејан

Поскапува задолжителната осигурителна полиса – нови цени за регистрација на возила

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе