Вести Македонија

Ништо од граничниот премин „Маркова нога“ во скоро време

Сè поизвесно е дека граничниот премин „Маркова нога“ во Преспа кон Грција нема да биде отворен до 2023 година, како што беше најавено пред четири години. Сè е исто како и во 2018 година, кога Телма последен пат беше овде, откако Владата објави дека започнува процедура за изградба на инфраструктурата на „Маркова нога“. Само еден паркиран камион во кругот, каде е сместена полициската станица за граничен надзор, навестува некакви активности.

Оваа рампа е спуштена повеќе од половина век. Повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“ беше најавено уште со потпишување на Преспанскиот договор. Дури сега на терен се забележуваат одредени градежни активности.

Овој граничен премин беше затворен во 1967 година, по што Македонија во повеќе наврати бараше повторно отворање на границата, а идејата се реафирмираше со Преспанскиот договор, во делот за економска соработка, каде е предвидено модернизирање на постоечките и отворање на нови гранични премини за да се поттикне туристичката и трговската размена. Но, дел од жителите на испразнетите преспански села не веруваат дека преминот за скоро ќе се отвори и ќе ја заживее Преспа.

„Не верувам дека за скоро ќе се отвори. Можеби за десетина години, ама набрзо не верувам,“ вели жител на Преспа

„Добра стратегија би било да се отвори, ќе се зближи тој народ со овој од оваа страна. Но, и претходната и сегашната политика не оди во таа насока да се отвори тој граничен премин“, вели жител.

Дел пак оптимистички се надеваат дека токму „Маркова нога“ ќе им донесе повеќе туристи.

„Ако се отвори преминот, ќе има повеќе промет, ќе има движење, ќе има подобар живот“, вели жител на Долно Дупени.

„Се знае дека поарно ќе биде, ќе одат и нашите, а и луѓето од Грција ќе доаѓаат тука“, вели жител на Подмочани.

До каде се активностите за изградба на инфраструктурата на „Маркова нога“ одговор не добивме. Последна објава на официјалната веб страница на МНР е од мај годинава, кога се одржа четвртиот состанок на заедничкиот експертски комитет меѓу Македонија и Грција за отворањето на граничниот премин на Преспанското Езеро. Како што се наведува, работната група ги утврдила копнените гранични ознаки на граничниот премин „Маркова нога – Лемос“, а се разговарало и за динамиката за реализација на проектот.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитриевски: Немаме договор за гласовите за вториот круг за претседател, за тоа ќе одлучи партиското раководство

Дејан Дејан

Вреди и ВМРО-ДПМНЕ согласни за заедничка влада по изборите

Дејан Дејан

Павле Трајанов резибран за лидер на Демократски сојуз на 7-от Конгрес на партијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе