Вести Македонија

Опстанокот на „ЈП Русино“ во опасност, има ненаплатени 6 милиони денари

Долг од 6 милиони денари кон Депонијата Русино на 4 полошки општини, од вкупно 9 кои таму одлагаат отпад. Иако конечно започна да функционира како сите депонии, на сметката на јавното претпријатие кое стопанисува со неа, има мал проток на пари.

Директорот Бесим Догани се надева дека ќе бидат подмирени субвенциите и фактурите за да издржат до крајот на годината во исплаќање на финансиските обврски кон вработените и дневните трошоци кон операторите.

Поуспешни во плаќањето на давачките се покажале помалите општини, за разлика од поголемите, кои пак имаат и повисоки сметки.

„За нас како претпријатије, како Депонија Русино, се битни општините Гостивар и Тетово. Ако тие не извршат наплата навремено, тогаш и функционирањето на Депонијата е во опасност, бидејќи тие се и најголеми корисници односно одлагаат најголем дел од отпадот од полошкиот регион. Доцнат овие две општини, доцни општина Желино, доцни општина Јегуновце“, вели Бесим Догани, директор на ЈП „Русино Полог“.  

Иако на централно ниво се бараат решенија за справување со отпадот, сепак во практика на локално ниво реализацијата оди бавно, вели и директорот на Центарот за развој на Полошки плански регион, Фатмир Саити.

„Веќе се добиени пари, т.е. министерството, Владата, за 5 региони да го реши до крај проблемот со управувањето на отпадот, еден од тие региони е и полошкиот регион, меѓутоа управувањето со саните депонии, тековните трошоци, немаме решение кое ни дава комоција, не сме во убава позиција во тој аспект“, вели Фатмир Саити, директор на Центарот за развој на Полошки плански регион.

Русино, како дива депонија, со години беше еколошка катастрофа. Од претпријатието информираат дека сега 40% од територијата каде беше полаган отпад е порамнет и покриен, а се собираат и отпадните води, со што штетата се намалува до 80%.

„Имаме базен каде што се собираат исцедокот и отпадните води кои навремено ги пумпаме назад во депонијата за да истит немаат моност да течат под шумите и ливадите кои се под депонијата Русино“, објаснува Догани.

Во сезона се одлагаат до 400 тона дневно, а имало денови Депонијата Русино да менаџира со 1 000 тона. Претпријатието добило начелен договор дека од 2023 година еден тон ќе се фактурира по 5 евра.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Основците и средношколците од утре до 6 мај на пролетен распуст

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала локална облачност – Временска прогноза за 29.4.2024

Дејан Дејан

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе