Вести Македонија Најважни

Препораките се пораз на историските митови во двете држави, тврдат македонските членови на комисијата

Празна и исполитизирана реторика за наводна бугаризација на Македонија и Македонците. Обвинувањата за наводно предавство се повикуваат на македонската историографија, која веќе ги нотирала фактите наведени во решенијата. Ваква е писмената реакција на македонскиот тим во Заедничката комисија за историски и образовни прашања.

„Најголема лага е дека текстовите со кои се препорачува заедничко чествување ќе бидат применети во образовниот систем“, повторуваат членовите на Комисијата. Посочуваат дека Светите Кирил и Методиј никаде не се претставени како бугарски просветители, туку како основоположници на христијанската култура и духовност на словенските народи. За нивните ученици Наум и Климент, како и за цар Самоил, нема ништо што веќе не е кажано.

Македонските историчари се обраќаат и до колегите од Бугарија бидејќи „нивното ликување и славење победа“ го сметаат за лажен триумфализам кој ѝ пречи на работата на Комисијата и на добрите односи меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Ги потсетуваат дека текстовите ги негираат националистичките теории востановени во Бугарија бидејќи во средниот век лојалноста е кон династија или круна, а тоа не значи етничка и културна припадност. Потоа, употребата на политонимините со Бугарија не се еднакви на етноними, а средновековните државни атрибути немаат идентитетско значење како денес. „Заради сетоа тоа, сметаме дека препораките се пораз на историските митови во двете држави и така треба да се читаат“,  пишува Љупчо Ристески во име на нашиот дел на Комисијата.

На брифинг со новинарите, бугарскиот заменик министер за надворешни работи Костадин Коџабашев рече дека со потпишувањето на протоколот во 2019-та, владите на двете земји ги прифатија предлозите на Комисијата за заедничко одбележување на Кирил и Методиј, Климент, Наум и цар Самоил. Главниот експерт во бугарското МНР, Радуков, оценува дека довербата во Македонија почнала да се враќа.

Пред три дена беа објавени решенијата на Заедничката комисија. Покрај заедничкото чествување на пет историски личности, се препорачува и подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Македонија и за петти клас во Бугарија.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе