Вести Македонија Топ вести

Трет опожарен автомобил во Прилеп за три недели

Уште еден опожарен автомобил во Прилеп, трет за само три недели.

Синоќа еден час по полноќ засега непознати сторители го запалија возилото на брачен пар, од кои сопругот е лекар, а сопругата раководител на Секторот за урбанизам во прилепската локална самоуправа.

Возилото беше паркирано на улица пред семејната куќа. ОД СВР Битола велат дека извршен е увид на местото на настанот и  се работи на расчистување на случајот, а во Прилеп има засилено полициско присуство.

„Синоќа околу 01.00 часот на ул„Киро Нацевски Фетак“ настанал пожар во патничко моторно возило „пежо“, со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Н.Р.(65) од Прилеп. Пожарот е изгаснат од страна на територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема, се наведува во соопштението од СВР Битола

Пред три недели гореше автомобилот на директорот на прилепски  Комуналец, Рубин Абрашоски, вчера беше опожарено возилото на пратеникот Петар Ристевски.

Од Општина Прилеп го осудија ваквото насилство и  бараат од полицијата да ги расчистат случаите кои влеват страв и несигурност кај граѓаните.

„Ова е обид за повторно нарушување на безбедносната состојба во Прилеп. Општината и Советот на Општина Прилеп веќе неколку месеци бараат одговорност од Министерството за внатрешни работи и ОВР Прилеп. Но се чини дека после сите апели од градоначалникот и советниците, централната власт и надлежните институции ги оставаат граѓаните на Прилеп секоја ноќ да стравуваат за својата безбедност и безбедноста на својот имот.“, се наведува во соопштението од Општина Прилеп.

За опожарувањето на автомобилот на пратеникот Ристевски, од обвинителството за Телма велат дека изминатото деноноќие двајца осомничени се приведени.

Првиот при распит во полициска станица го скршил телефонот кој требало да му биде одземен за вештачење за да се провери со кого комуницирал.

Поради тоа веднаш му е поднесена криивчна пријава и определен му е

8 дневен притвор за спречување на службено лице при вршење на службено дејствие.

Обвинителството  продолжува со собирањето на докази. Денеска треба да се разгледуваат снимките од видео камерите од околни објекти, а се вештачат и  траги од запалениот автомобил,  а се разговара со сите можни сведоци.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе