Македонија

Текстуални пораки докази на рочиштето против Рашковски: „Премиерот помага ќе биде добро“

Поранешниот генерален секретар Драги Рашковски добил помош за неговиот случај од Бугарија, беше откриено на последното рочиште против него. За осомничениот Рашковски да му се помогне , разговарал Игор Христов, осомничен во случајот „Софтвери“. Во нив соговорникот на Христов, без име и презиме, а од Бугарија најпрво прашува кој го води случајот, нуди помош и разговори на разни нивоа. Од Христов, добива повратна порака дека случајот е кај истражителите, и го води Вилма Русковска.  Во меѓу периодот, до вториот презентиран разговор пред судот, Рашковски добива поблага мерка за обезбедување присуство односно е пуштен од затворот во куќен притвор. Решението беше донесено од Апелација, а потпишано од судијката Тања Милевска, а пораките во целост од рочиштетото ги пренесува А1Он.мк.

  • „Здраво Игор. Што се случува со Драги? Добар ли е?“,
  •  Христов одговара: „Да. Добро е“.
  • „Излезе ли?“,
  • Христов одговара: „Во домашен притвор е“,
  • Соговорникот констатира: „А тоа добро е“, на што Христов враќа: „Па подобро е. Му кажав
    дека праша“.

Следниот пат, кога тие разменуваат нови пораки, Рашковски веќе добива решение од Апелација , за да оди повторно во куќен притвор наместо да биде во затворот во Шутка, пишува А1он.мк. Во оваа комуникација се вели: „Премиерот помага, ќе биде добро“, а осомничен станува и соговорникот Игор Христов.

  • „Премиерот не може да помогне“ –  Контакт од Бугарија,
  • „Помага. Ќе биде добро“, – Осомничен Христов,
  • Од бугарскиот број добива нова порака: „Да јасно. Ќе ми биде драго да се видиме. Тоа сега и никој не може да оди во нив“, – Контакт од Бугарија
  • А, Христов кажува дека нема пасош, на што од бугарскиот број добива нова порака: „Да, разбрав. Ви посакувам наскоро да заврши се тоа и секој да си го добие заслуженото“.
  •  „Ти благодарам пријател“, Христов враќа.

Драги Рашковски е обвинет за набавка на „Софтвер“ за сообраќен надзор. Според, обвинителството првоосомничениот ја договорил набавката на софтверот со третоосомничениот доставувајќи сопствен патент за кој дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка. Во текот на постапката за јавната набавка наместо комуникацијата да се извршува со користење електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки, со цел фаворизирање на конкретен економски оператор првоосомничениот лично ги дефинирал техничките спецификации што упатуваат на патентот.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе