Вести Македонија

„Легнаа“ на сметка дел од парите за приватниците, автобусите во Шуто Оризари повторно возат

Автобусите со број 19 и 20 денес веќе возат на релација Шутка – Центар. Парите од Град Скопје пристигнале на жиро-сметката на превозниците кои вчера се жалеа дека немаат ниту за гориво.

Резервоарите сега се наполнети, а договорена е динамиката на исплаќање на останатите пари од долгот на Градот спрема приватниците.

Од „Макекспрес“, едни од превозниците на коишто градот им должи пари велат дека утрово добиле дел од парите.

Од кабинетот на градоначалничката информираат дека е исплатена сума поголема од 20 милиони денари или над 320 илјади евра.

Се надеваме дека вакви неприлики во врска со јавниот превоз и повторно исклучување на линии од страна на приватните превозници нема да се случуваат, затоа што истото е на штета на граѓаните, велат од Град Скопје.

Од кабинетот на Арсовска за Телма тврдат дека во моментов се прават дополнителни анализи за сообраќајот, за да се излезе во пресрет на потребите на жителите од овој дел од градот и да се пуштат во сообраќај повеќе линии кои ќе возат на истата релација.

Луѓето од Шуто Оризари неколку дена немаа автобуски превоз и револтирани коментираа за работата на Арсовска, потсетувајќи ја дека им вети бесплатен превоз на скопјани, а не целосен недостаток на автобуси.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе