Вести Македонија

Селективна правда во зависност од тоа дали си функционер – сторител на кривично дело или обичен човек

Дали си народски кажано – обичен смртник или носител на јавна функција, може да биде пресудно каква казна ќе добиеш на суд, повисока или пониска за сторено исто кривично дело, и сторена иста материјална штета. До ваков заклучок дошла „Коалицијата сите за правично судење“ кога споредувала познати судски процеси кои веќе имаат разрешница во Кривичниот суд во Скопје.

„Коалицијата сите за правично судење“ ги разгледувала казните во високопрофилираните случаи попознати како „Рекет“, „Меѓународен Сојуз“ и „Плацеви на Водно“. Во нив затворски казни добија екс специјалната обвинителка Катица Јанева – 7 години затвор, поранешниот премиер Никола Груевски исто, екс началникот на УБК Сашо Мијалков многу помалку, односно 1 година и три месеци, но и Бојан Јовановски попознат како Боки 13 кој има и највисока 9 годишна затворска казна.

Во истражувањето не е споменат последниот случај „Империја“, кој со спогодба заврши за бизнисменот Орце Камчев со обвинителството. Велат освен што тој не е носител на јавна функција сепак е моќен, но не бил таргет бидејќи се работи за донесена пресуда без да има судење за Камчев.

Во меѓувреме и екс началникот на УБК Мијалков се обидува да се спогоди во истиот случај како и Камчев.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе