Вести Македонија

Мицкоски обвинува дека заемот од ММФ е за финансирање на Коридорот 8, најави и нова афера со УЈП

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски минатата недела објави „епски“ криминал, тежок 900 милиони евра, на СДСМ и ДУИ, поврзан со изградбата на Коридорот 8. Во вечерашната Топ Тема на Телма Мицкоски избегна да го именува пратеникот на ДУИ, кој ја купил градежната компанија, која исто така одби да ја именува, а која што ќе учествува во изградбата на Коридор 8.

Тоа е оној проектот што веќе извесен период се рекламира дека ќе се прави, Коридор 8, од другата страна тука имаме, како да кажам, промена на сопственичкиот удел на една градежна компанија, ние немаме 15.000 големи градежни компании, рече Мицкоски.

Мицкоски деновиве неколку пати обвини дека вистинската намена на заемот од ММФ е финансирање на изградбата на Коридорот 8, а не како што тврди владата за буџетска подршка.

Толкава ќе биде рамката што ја бараат од ММФ, сега повторно слушам дека тука има проблеми, турбуленции со каматната стапка, очекуваа да биде ниска бидејќи претходно не успеаја да да добијат соодветна каматна стапка. Но и најверојатно не успеаа пари да добијат за еврообврзница па се завртеа кон оваа програма на ММФ, вели Мицкоски.

Тој исто така обвини и дека за дури 12 проценти се намалени државните резерви, спомнувајќи сума од 400 милиони евра. Запрашан дали знае каде се тие пари, Мицкоски децидно посочи дека тој одговор треба да се бара од Народната банка.

Тие недостасуваат, а зошто недостасуваат ќе ги прашате од Народна банка, зошто се намалени државните резерви во четвртиот кваратал во 2021 и првиот квартал во 2022. Тоа ќе ви одговори Народна банка. Дали за поддршка на платниот биланс, дали за поддршка на монетарната политика, тие ќе ви одговорат, тие се тие кои што треба да ви дадат одговор. Но, факт е дека се помалку, тврди Мицкоски.

Тој исто така најави избивање на уште една афера, тешка 20 до 30 милиони евра, поврзана со поврат на ДДВ за компании.

Потенцијална афера, како е можно преку фиктивни фактури се правеле цесии со УЈП на фирми кои што се должници и фиткивни фирми кои што се побарувачи на поврат на ДДВ, преку 20, 30 милионуи евра тежок скандал, но времето ќе покаже дали сум бил во право или не, порача Мицкоски.

Лидерот на опозицијата тврди дека партијата им стои на располагање, како на Антикорупциската комисија, така и на обвинителството, и ќе ги сподели со нив сите податоци кои ги имаат за овие скандали.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Венецуела планира да стане членка на БРИКС во 2024 година

Дејан Дејан

Следува период на претежно стабилно и потопло време, со повеќе сонце – Временска прогноза за 27.4.2024

Дејан Дејан

Притвор за украински министер – обвинет е за корупција и нелегално купување на државно земјиште

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе