Економија

Земјава има резерви на мазут за помалку од еден месец да ја покрие работата на ТЕЦ Неготино

Земјава со минимум залихи на мазут и јаглен во справувањето со ударот од енергетската криза. Тец Неготино има мазут од сопствените и стоковите резерви да работи со еден блок дваесетина дена. Затоа на меѓународен повик ќе се прави итна набавка на нови количини. Ќе се бараат компании што ќе можат да испорачаат по 15.000 тони мазут месечно, за ТЕЦ Неготино да може да работи со еден блок и да испорача 90 мегаватчасови струја.

Како ќе работиме се зависи од она со што располага РЕК Битола и дали ќе работи со два или три блока, велат од ТЕЦ Неготино.

Идната недела – ќе се држат состаноци и со компаниите од Стопанската комора и со Државните електрани, по што ќе се знаат сите детали за набаваката. Очекувањата се дека ТЕЦ Неготино, кое е на пауза од 2009 година, ќе се активира од 15-ти идниот месец. За работа на 1 блок се потребни 20.000 тони мазут месечно или 650 тони дневно, за активирање на двата блока пак требаат 40.000 или 1.300 тони дневно.

Резервите пак на јаглен за РЕК Битола останаа тајна – никој не ги открива и по информациите дека има за работа за само неколку денови. Идната недела завршува и тендерто за итна набавака на 900.000 тони јаглен за РЕК. Целта е да се активира и третиот блок од комбинатот, за да се ублажат шоковите врз стопанството од високата цена на струјата на светските берзи, која достигна 200 евра за мегават час.

Во меѓувреме Регулаторна одзеде лиценци на две компании бидејќи не поседувале резервоари за складирање на дериватите.

РКЕ донесе одлуки со кои им ги одзеде лиценците за вршење на енергетска дејност за Еуродизел БС на Гуливер Инжинеринг и на Пертинакс за мазут. Овие трговци не можат да тргуваат со овие поединечни деривати, затоа што немаат лиценца, вели бисломоски.

За две компании – Дади Оил и Башино Гас е запрена постапката бидејќи доставиле документи како доказ дека имаат резервоари. А запрена е постапката и за три други – РКМ, Ли – Оил и Супертрејд. Записниците од пазарната иснспекција покажале дека ги поседуваат оперативни резерви на мазут.

Експертите алармираа дека времето на евтина струја заврши скапо ќе го платиме цехот од енергетската криза. Прогнозираа дека граѓаните до година тоа ќе ги чини повисоки сметки за струја за минимум 20 до 30 проценти. Очекувањата пак се дека цената на струјаат на светските берзи нема да се стабилизира до втората половина од нареднат година, но и тогаш цената нема да се врати на ниво од пред кризата.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поскапува регистрацијата на возилата, се зголемува цената на задолжителната осигурителна полиса

Дејан Дејан

Во моментов нема индикатори за нов ценовен бран, но мора да произведуваме повеќе

Дејан Дејан

Земјава е пред политичка промена, бизнисот очекува исполнување на ветувањата дадени пред изборите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе