Вести Македонија Најважни

Лекарите бегаат од земјава, оценува Европската комисија во извештајот за Македонија

Уште два месеци остануваат од календарската година, а сандачето на Лекарската комора веќе е полно со 155 барања за потврди за странство. Комората има надлежност да им издаде потврда на докторите дека се нејзини членови и дека против нив не се води постапка пред Судот на честа.

Токму тие потврди се неопходни на докторите за едукација во странство, стручен или студиски престој, обука и доусовршување, меѓународни проекти, но и за заминување, да работат надвор од Македонија.

„Има повеќе главни причини, не можам да издвојам една. Финансискиот надомест можам да кажам дека е примарна причина меѓутоа би рекол и дека условите со коишто ние се соочуваме се исто така причина да се замине од земјава. Се соочуваме со многу тешки услови и во периодот на студии и во периодот потоа. Најголем процент од нашите колеги заминуваат во Германија и тоа е општо познато заради тоа што условите коишто ги нуди Германија се далеку подобри и од Македонија и од другите балкански земји. Можеби Скандинавија е посериозна и од Германија, бидејќи голем дел и од лекарите во Германија заминуваат во Скандинавија на работа“ вели д-р. Бојан Трајковски од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.

Сите овие проблеми со коишто се соочуваат лекарите во земјава се нотирани во извештајот на Европската комисија.

Пристапот до лекари специјалисти во јавните здравствени установи е проблематичен, оценува Комисијата.

И покрај обезбедувањето на зголемени плати со цел да се задржат вработените, здравствениот сектор се соочува со загуби на медицински персонал, особено специјалисти кои се префрлуваат во приватниот сектор или заминуваат во странство. Продолжува потребата на персоналот за специјализирана обука, за користење напредна здравствена опрема“ пишува во извештајот на Европската комисија.

Лани во почетокот на пандемијата, до Лекарската комора пристигнале најмалку барања за потврди за странство – 122. Рекордот во последните четири години засега е достигнат во 2018 година, кога 190 барања биле поднесени, шест повеќе од 2019.

Но, покрај овој долгогодишен проблем на македонското здравство кој е нотиран и во извештајот на Европската комисија, опфатени се и другите проблеми на целиот систем.

Од ЕК оценуваат дека дека не се финасира доволно скринингот за рано дијагностицирање на канцер, како и тоа дека податоците од националните и регионалните регистри за рак не се јавно достапни.

Од Здравство велат дека на почетокот на годината е воспоставено софтверско решение за Национален регистар за рак, но негираат дека не се вложува доволно во раната детекција, затоа што за четири години, буџетот за програмата за рана детекција на малигни заболувања се зголемил за 8.500.000 денари повеќе.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тодоров: СДСМ покажаа епохална неспособност за нормално функционирање на државата

Дејан Дејан

ОДИХР со позитивна оценка за изборниот процес сепак имаат забелешки за негативната кампања

Дејан Дејан

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе