Ковид19 Македонија Најважни

Македонските граѓани викендов повторно масовно на вакцинација во Србија

Вакциналните пунктови во Врање, Ниш и Лозница викендов се повторно отворени за граѓаните на Македонија и Босна и Херцеговина, според српските медиуми до сега таму бесплатно се вакцинирани повеќе од 2.000 луѓе. Повеќе од 750 граѓани на Северна Македонија викендов отпатуваа во Врање за да примат прва доза вакцина, соопштуваат од тамошиот здравствен центар. Досега во овој град се вакцинирани 1.105 Македонци, дел од нив примиле и втора доза. Телма контактираше со Здравствениот дом во Ниш од каде потврдуваат дека процесот на вакцинација е во тек.

  • Ако сакате да се вакцинирате изутрина можете да дојдете, ние вршиме вакцинација.
  • А ревакцинација?
  • Ревакцинација исто на датумот кога треба за Астра Зенека доаѓате, велат од Здравствен дом Ниш.

Повиците на српските здравствени власти ги натераа голем број македонски граѓани да се самоорганизираат и да се упатата кон најблискиот вакцинален пунк во соседна Србија. Ова е моменталната слика од граничниот премин Табановце. Но, покрај самоиницијативно, 800 граѓаните организирани преку Културно информативен центар „Спона“ викендов се на вакцинација во Врање. А како што информираат за Телма од ова здружение покрај  Астра Зенека, Фајзер или Синофарм, а од утре ќе бидат достапни и вакцините Спутник В.

-Доспани беа векцините од Астра Зенека, Фајзер и Синофарм. Од петок сите граѓани на С.Македонија можат слободно да се вакцинираат во Врање, во Лесковац и во Ниш. „Спона“ го организираше вакцинирањето на граѓаните на Македонија уште во април мецес кога таа можност не беше достапна. Со втората организирана голема група во Врање „Спона“ успеа да го организира вакцинирањето на околу 1.800 граѓани на С.Македонија само во Врање, објаснува Милош Стојковиќ, КИЦ „Спона“.

Граѓаните од Македонија за српските медиуми, велат дека дошле во Србија на вакцинација затоа што сакаат што поскоро да се вратат во старото нормално функционирање.

  • Да се заштитам и да заврши веќе оваа агонија со маски. Имав закажано термини и во Македонија, но сеуште со вакцините е малку проблематично.
  • Прво, заштита и за нормално функционирање, бидејќи година и пол не функционираме нормално, не функционираме целосно, велат македонските граѓани.

Од трети јуни и на државјаните на БиХ им е овозможено да се вакцинираат во Србија. Во Лозница веќе повеќе од илјада се вакцинирани, а поради големи гужви дел од нив, кои допатуваат од Тузла и Сараево, се упатија кон Шабац на вакцинација.

  • Дојдовме ние четворица, а не има многу, кај нас нема вакцини кога ќе дојдат не знам.
  • Дојдовме од Сараево, шестмина, многу ни значи, велат граѓаните од БиХ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, побара неодамна од Владата да овозможи за сите граѓани на Македонија да примат вакцини по сопствен избор, но не се знае дали добил одобрение или станува збор за спонтано продолжување на процесот на вакцинација, откако во март 15.000 македонските државјани ја примија вакцината „Астра Зенека“, дел од нив патуваа до Белград.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе