Uncategorized Ракомет Спорт

Лазаров: Чест е да се отвори ново поглавје против најдобрата селекција на светот

Новиот селектор на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров на новата функција ќе дебитира против актуелниот светски и олимписки шампион, Данска.

Со ангажирањето на капитенот и најдобриот наш ракометар на сите времиња се отвора ново поглавје македонскиот репрезентативен ракомет.

“Јас мислам дека имавме доволно време да се подготвиме, не случајно почнавме со тренинзи два дена порано. Максимално го искористивме времето до одигрувањето на дуелот со Данска и можам слободно да кажам дека сме подготвени за овие два натпревари што не очекуваат до крајот на неделава. Играме против актуелниот светски и олимписки шампион и навистина сум среќен што токму со една од најквалитетните ако не и најквалитетна репрезентација на светот, отвораме едно ново поглавје во македонскиот ракомет”, изјави Лазаров.

Данска е апсолутен фаворит во двата дуели, но тоа сигурно не значи дека овој подмладен состав во кој има неколку искусни играчи предвреме ќе се предаде.

“Спортски е  да се надеваме, веруваме во себе, ќе се бориме до самиот крај, но треба да бидеме реални дека ќе се соочиме со најдобрата селекција на планетава во моментов. Добро го анализиравме противникот, но многу работи ќе ги видиме на теренот. Реално, едно е тренинг, а сосема друго е она што се случува за време на натпреварот. Сепак овие два меча против Данска добро ќе ни дојдат да ги видиме нашите моментални можности, но сметам дека овие дуели ќе ни помогнат максимално да се подготвиме за оние натпревари во април и мај кои се клучни за нашиот пласман на Европското првенство”, истакна Лазаров.

Мечот се игра во А1 арената Борис Трајковски и почнува во 20 часот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе