Вести Македонија

Ресенчани и оваа година нема да можат да ги продадат своите јаболка

Ресенчаните секоја година  претрпуваат голема криза кога се во прашање јаболката.  Поради безбројте политики кои се водат и големиот увоз на јаболка од странство, Македонија ги  доживува најцрните денови, некогаш видени кога е во прашање оваа овошје.

Согласно податоците, ресенското јаболко не е откупено, а од први септември минатата година се увезени дури четири милиони килограми јаболко, што претставува апсурдност.

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на Ресен., каде што оствари работни средби, со овоштарите од овој регион. Како проблеми на земјоделците од Ресенскиот регион, Трипуновски во изјавата за медиумите ги посочи неисплатените субвенции како и неисплатените штети од природните непогоди од пред некоја година, но ѝ откупно-дистрибутивниот центар којшто требаше да биде завршен во 2023 година, кој уште не е започнат со градба.

Тој во неговото обраќање исто така им вети, дека  партијата ВМРО-ДПМНЕ има програма и конкретни мерки, кои би помогнале на Ресенчаните во кризата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе