Вести Македонија

Истражувањата покажуваат: Децата во Македонија имаат проблеми со концентрација и внимание

Истражувањата спроведени минатата година во Македонија, покажаа дека децата имаат се поголеми проблеми кога е во прашање вниманието, концентрацијата и брзината на реагирање во училишните клупи. Во истражувањата беа опфатени 2032 ученици, на возраст од 7 до 15 години, на територија на целата држава.

Истражувањето „Когнитивно функционирање на децата на возраст од 7 до 15 години“, спроведено од Проф. д-р Слаѓана Анѓелкоска,  има за цел да ги воочи когнитивните постигнувања на децата во делот на внимание, концентрација, помнење, меморирање, фокус, визуопросторна ориентација, моторика и да ја утврди фактичката состојба. Целта е да се превземат мерки, наспроти зачестеното алармирање од страна на наставниците, психолозите, педагозите и родителите, дека децата имаат сè поголеми тешкотии во совладување на наставните содржини, на часовите, но и дома.

Резултатите покажаа дека во сите возрасни групи,  имаат намалена одржливост на когнитивно функционирање при решавање на одредена задача.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две деца загинаа при израелски воздушен напад врз куќа во Рафа

Дејан Дејан

ЈО спроведе истрага против лице осомничено за трговија со дрога

Дејан Дејан

МВР подготвено за преземање на Палевски од Турција, нема информација кога ќе се реализира екстрадицијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе