Вести Македонија

Инцидент со осуденикот Репки во штипскиот затвор, додека две групи се тепале, едната добила засилување пред затворската зграда

Штипскиот Затвор од ноќеска е под силно полициско обезбедување, откако две групи на затвореници во штипскиот Затвор имале физичка пресметка, подебелиот крај го однел вработен, кој добил и лекарска помош во Клиничката болница.

Тепачката се случувала на полноќ,а  поддршка имале и од 30 лица кои пристигнале со десет возила, пред Затворот.  Интервенирале затворската полиција, но и специјалците од Скопје кои пред капијата ги затекнале 30 те лица кои дошле од Скопје да ја поддржат една од групите.

Во соопштението на МВР се вели дека синоќа во 23 часот и 57 минути Ш.Н од скопското село Батинци пријавил дека му се јавил неговиот син З.Н кој издржувал казна затвор во Затвор –Штип и му соопштил дека има информации оти во текот на ноќта ќе биде нападнат. Три минути по пријавата почнала тепачката меѓу двете групи на затвореници. Во штипската јавност се говори дека наводно едната група броела 100, а втората четири члена.

Според информации на Телма станува збор за Зулќуфли Нуредини викан Репки кој во штипскиот затвор е префрлен откако правел проблеми во Идризово и преку приватна болница бегал и се враќал за да ја издржува казната.

-Околу 00.00 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во затворот бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи затвореници и дека имаат сознанија дека кон затворот во Штип патуваат повеќе лица за да и помогнат на едната група. По преземени мерки, полициски службеници од СВР Штип пред затворот затекнале 30 лица со 10 возила и при преглед на лицата и возилата, во едно возило биле пронајдени и одземени дрвен и остар предмет, се вели во соопштението од МВР.

Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров во телефонски разговор одговори дека за случајот ќе има детали и во тек е истрагата.

Претходно, Обвинителството отвори истрага за 17 затворски службеници кои го носеле токму Зулфакир Нуредини викан Репки во приватна болница и го пуштале да си шета низ Скопје.

Наместо да го чуваат, го пуштале затвореникот да се шета и да им избега- Обвинителството за гревот на затворските полицајци и службеници

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе