Вести Македонија Топ вести

Попречување на службено лице – МВР со кривична против новинарот Фуркан Салиу по член 382 од КЗ

Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривична пријава против новинарот од ПорталИкс, Фуркан Салиу по член 382 од кривичниот законик со која доколку обвинителството ја процесуира, обезбеди докази и докаже пред суд, на новинарот му се заканува паричина казна или затворска до три години. Полицијата смета дека Салиу го сторил кривичното дело попречување на службено лице.

„Тој што со сила или сериозна закана дека непосредно ќе нападне врз животот или телото ќе спречи службено лице во вршење службено дејствие или ќе го присили на вршење службено дејствие, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“, стои во членот 382 од Кривичниот законик.

Салиу, откако ја добил информацијата против него, се огласи на социјалните мрежи и изрази сомнеж дека дополнително ќе дојде во контакт со полицијата во обид таа да обезбеди докази.

„Само што нè информираа дека МВР поднело кривична пријава за попречување на службено лице по член 382. Најверојатно ќе се бара претрес во просторите на ПорталХ и во моето живеалиште. Делото не верувам дека можат да го докажат, меѓутоа најверојатно работата на ПорталХ ќе биде оневозмоена одреден период. Ги повикуваме сите релевантни институции, меѓународните организации добро да пазат како ќе се одвива целата ситуација“, се наведува во текстот напишан од Салиу на Фејсбук.

Салу во неделата беше брутално совладен, приведен и распрашан во полициска станица под сомнеж дека попречил специјалци на МВР во расчитување на метежот по фудбалскиот натпревар Коњаре – Куманово, откако група навивачи, поддржувачи на Шкендија Арачиново нападнала навивачи од ФК Куманово.

Салиу се обидел да го документира апсењето на еден од навивачите, но ги отфрла сомнежите на МВР дека дошол во контакт со полицијата за што директно го обвини техничкиот министер Панче Тошковски. Реагира новинарските здруженија и синдикатот на новинари, барајќи од МВР да не се користи со полициска бруталност која би можела да се протолкува како евентуален притисок врз новинари и медиумски работници. Салиу, пак, на Тошковски му порача дека во блиска иднина ќе мора да му извини, со оглед дека според новинарот, полицијата не може да го докаже ова кривично дело.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе