Вести Свет Топ вести

Најмалку седуммина загинаа, меѓу кои и десетгодишно девојче во руски напад во регионот Одеса

Седуммина, меѓу кои и десетгодишно девојче, се убиени во синоќешниот руски ракетен напад врз регионот Одеса, додека седум лица се повредени, изјави регионалниот гувернер Олех Кипер.

Тој преку каналот Телеграм, соопшти дека едно повредено лице е во тешка состојба и нему ми се ампутирани двете нозе.

Екипите за итна помош се на терен, а „лекарите прават се што можат“. Проектилите, за кои се верува дека се балистички ракети „Искандер-М“, биле насочен кон транспортни објекти, а била погодена и бензинска пумпа.

Одеса е едно од најфрекфентните украински пристаништа и е честа цел на руските напади за време на 25-месечната војна.

Борел ја повика ЕУ да ја забрза воената поддршка за Украина

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел телефонски разговараше со шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, за напорите на ЕУ да ја забрза воената поддршка на Украина.

Тој изјави дека на следниот заеднички состанок на министрите за надворешни работи и одбрана на ЕУ, на 22 април, ќе се заложи за забрзана акција.

„Украина не може да чека“, вели шефот на европската дипломатија. Кулеба изјави дека украинската страна работи на сите нивоа на зајакнување на украинската противвоздушна одбрана.

Украинското Министерство за надворешни работи на својот канал на Телеграм, соопшти дека  Кулеба и Борел разговарале за „чекорите преземени во согласност со инструкциите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за испорака на дополнителни системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Украина“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе