Вести Македонија

Димитриевски: Нашата непрофесионална дипломатија ги загуби сите битки, вистинските дипломати се ставаат по ќошеви во МНР да решаваат крстозборки

Нашата непрофесионална дипломатија ги загуби сите битки, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово, лидер на Движењето ЗНАМ и претседателски кандидат, во вечерашното интервју на ТВ Телма.

„Затоа мора да ги консолидираме редовите во дипломатијата. Додека имате луѓе кои што ви доаѓаат полуобразовани да ви бидат дипломати од кариера, а вистинските дипломати ги ставате по ќошевите да решаваат крстозборки во министерството за надворешни работи, вие не можете да имате сериозен резултат, бидејќи сите битки ги губите на маса, кога ќе седнете да разговарате“, истакна Димитриевски.

Димитриевски најави успешно решавање на проблемите со Бугарија. Според него, рецептот е на релација Скопје – Софија, со посредство на стратешките партнери на земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе