Вести Свет Топ вести

Палестинците под жесток оган ги започнуваат прославите на Бајрам

Голем број муслимани го празнуваа Рамазан Бајрам ширум светот. Празникот се одбележува и на Блискиот Исток, но под превезот на војната која со месеци беснее во малата енклава. Утрово хоризонтот во Појасот Газа утрово беше исполнет со густ црн чад кој доаѓаше од насоката на Кан Јунис.

Децата во кампот Муваси си играа во импровизираното панорамско тркало. Муваси е импровизиран шаторски камп каде илјадници Палестинци живеат во лоши услови на расфрлани фарми, раселени од своите домови поради конфликтот кој беснее во нивна близина.

На Западниот Брег муслиманите годинашниот Бајрам го одбележуваат со молитви за жртвите од војната во Газа и за ставање крај на страдањата на своите браќа.

Ова е ден на Бајрам, ден на Бајрам и покрај чистите жртви, ден на Бајрам и покрај раните што крвари и страшната болка, и покрај офкањата на повредените, лелекот на напатените и плачот на ужалените и бездомниците, и покрај војната за истребување што се води против нашиот народ во Газа и покрај убиствата и уништувањата, порача имамот Џамал Хамдан.

Израелските трупи на почетокот од неделава се повлекоа од јужниот дел на Газа, а по неколкумесечни борби и бомбардирање, зад себе оставија огромно уништување.

Никогаш не замислував дека еден ден ќе дојдеме до ваква фаза. Тешко е да се опише искрено, тешко е да се опише, изгубени соништа меѓу овие згради и животи, деца кои талкаа по овие улици, рече Хатем ал Масри.

Празникот Рамазан Бајрам годинава го одбележуваат и муслиманските верници во Израел. Во Ерусалим, светиот град, утрово можеше да се забележи силно полициско обезбедување на голем број локации.

Израел ја започна војната како одговор на терористичкиот напад на Хамас, во кој милитантите убија 1.200 луѓе, главно цивили, а со себе зедоа околу 250 луѓе како заложници.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе