Вести Свет

Облак со прашина од Сахара ја покри Европа

Облак со прашина стигна од Сахара до делови од Европа, предизвикувајќи лош квалитет на воздухот и покривајќи ги прозорците и автомобилите со нечистотија, објави Службата за следење на атмосферата Коперникус.

Службата соопшти дека најновиот облак, трет од ваков вид во последниве недели, носи магла во јужна Европа и ќе се прошири на север до Скандинавија.

Марк Парингтон, виш експерт во Коперникус, рече дека најновиот настан е поврзан со временскиот модел што донесе потопло време во делови од Европа во последните денови.

– Иако не е невообичаено облаците од сахарска прашина да стигнат до Европа, во последните години има зголемување на интензитетот и зачестеноста на ваквите епизоди, што потенцијално може да се припише на промените во примероците на атмосферската циркулација, рече Парингтон.

„Оваа последна епизода предизвика влошување на квалитетот на воздухот во неколку земји“, соопштено е од Коперникус.

Безбедносниот праг на Европската унија за концентрации на ПМ10, покрупни честички како песок и прашина кои можат да ги иритираат носот и грлото, веќе е надминат на некои локации.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе