Вести Култура Топ вести

Дали можеме да говориме за арт терапија во психијатриските установи во земјава?

Во светски рамки терапијата со уметност во психијатриските институции во одредени случаи кои го дозволуваат тоа веќе е пракса, кај нас е сè уште идеја во зародиш на која многумина гледаат со скептицизам. Сепак мултимедијалниот проект со наслов „Одејќи по тенки“ линии во резиденцијата на ЕУ и изложените дела под кураторство на Јасмина Котевска преземени од Психијатриската болница во Демир Хисар го загатнуваат прашањето на кое ниво е свеста кај нас за улогата на уметноста како терапевстски пристап кај луѓе кои се соочуваат со проблеми со менталното здравје.

„За нив е едно необично искуство, со оглед на тоа што се затворени во една институција независно колку трае, искуство кое додека работат со боја и се концентрираат, мислам дека барем за миг забораваат каде се и на својата здравствена состојба. Во Македонија многу е ниско нивото на разбирање, особено во психијатриските институции и се надевам не само преку овој проект туку и преку нашето петгодишно искуство со психијатриска болница дека во иднина ќе можеме и на национално ниво да работиме“, изјави Јасмина Котевска, куратор, историчар на уметност.

За голем број психотерапевти арт терапијата, музикотерапијата кога би биле применувани соодветно во психијатриските установи и би им се дало поголемо значење, вон фармакотерапијата се аспекти на кои треба да се работи во иднина и да се подигне јавната свест. За професор Бајрактаров ваквите активности за ресоцијализација на пациентите и нивна реинтеграција во општеството е нешто на што тие во континуитет инсистираат во психијатриските болници и пред се во дневната болница на Универзитетската клиника за психијатрија.

„Да кажам, редовно одиме со нашите клиенти еве така да ги наречам, посебно во дневната болница при Универзитетската клиника за психијатрија во Филхармонија, во кино, редовни сме на театарски претстави. Имаме воспоставено во нашата дневна болница, која ја води професор Арсова заедно со нејзиниот тим. Секој четврток одиме на некоја културна активност, секој петок посетуваме различни музеи и изложби, така што доста сме посветни. Да, но и во дневните центри за ментално здравје, во Скопје се три во рамки на Клиника за психијатрија Скопје, внатре во болницата во Демир Хисар  има еден прекрасен објект“, изјава проф. д-р Стојан Бајрактаров, директор на Универзитетска клиника за психијатрија.

За научниците терапијата со уметност  може да им помогне на луѓето да се изразат послободно, да го подобрат своето ментално здравје и да ги подобрат меѓучовечките односи. И токму низ поттикнување на креативноста и создавање уметнички дела во психијатриските установи да се разоткријат нови видувања за психоконстутуцијата на една личност и надминување на одредени состојби со кои се соочува истата.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Си Џипинг денеска пристигнува во Белград

Дејан Дејан

На инаугурацијата на Путин нема да присуствуваат ЕУ, САД и Велика Британија

Дејан Дејан

Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе